ПОВЕЌЕ ЗЕЛЕНЧУК ПОМАЛКУ ЛЕКОВИ ЗА СРЦЕ Доматите, силно оружје против срцевите заболувања
Испитувањата покажале дека исхраната со малку месо, а многу зеленчук, особено, зелјести растенија и домати, е поврзана со помал ризик од смрт од срцеви заболувања.
Не е новост дека исхраната богата со зеленчук може да помогне да се намали опасноста од срцеви заболувања, но експертите овојпат анализирале над 100 испитувања и се покажало дека некои намирници имаат особено силно влијание врз намалувањето на повеќе видови срцеви заболувања, а со тоа и врз намалување на смртноста.
Поточно, научниците ја проучувале врската помеѓу срцевите заболувања и исхраната, односно – црвеното месо, пилешкото, јајцата, млечните производи, семињата и житарките. Заклучоците велат дека исхраната со малку месо, а многу зеленчук, е поврзана со помал ризик од смрт од срцеви заболувања.
Зелјестите растенија и доматите можат значително да ја намалат таа опасност. На пример, доматите се богати со антиоксидантот ликопен, за кој е докажано дека ја подобрува васкуларната функција и штити од болести.
Покрај тоа, замената на путерот, кој е богат со заситени масти, со мононезаситени масти, какви што има маслиновото масло, дополнително го намалува ризикот од срцеви заболувања.
Исто тка, истражувачите, велат дека е доволно да јадете најмалку две порции зеленчук дневно за да го намалите тој ризик и до 34 отсто. Зелениот зеленчук и доматите се најкорисни за оваа цел.
Фото: Unsplash