ПОТВРДЕНО АПСЕЊЕТО НА СЕДУМТЕ ПОЛИЦАЈЦИ Обвинителство и МВР за утре најавија повеќе детали

Во рамки на предистражна постапка МВР постапува на терен во врска со обезбедување на полициски службеници, до ОЈО ГОКК е доставена кривична пријава“, информираат од ОЈО ГОКК и од МВР.

771

Министерството за внатрешни работи постапува на терен за приведување на уште седум полициски службеници, а во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

„Во рамки на предистражна постапка МВР постапува на терен во врска со обезбедување на полициски службеници, до ОЈО ГОКК е доставена кривична пријава“, информираат од ОЈО ГОКК и од МВР.






И од Обвинителството и од МВР повеќе информации се најавуваат во текот на утрешниот ден.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вечерва во „Топ тема“ на ТВ Телма истакна дека издадена е наредба за приведување на уште седум полициски службеници.

Државниот јавен обвинител не ја исклучи можноста да бидат приведени и други полициски службеници до завршување на истрагата.

Во пожарот во дискотеката во Кочани загинаа 61 лице, а 193 беа повредени.

Поврзани содржини
na