Потврден уште еден случај на Делта сојот, за четири случаи се чекаат резултати

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека до вечер ќе бидат познати резултатите и за останатите четири пациенти.

1,560

Во текот на вчерашниот ден потврден е уште еден случај на Делта варијантата во Велес. Пациентот е во болница. Денеска ќе бидат готови резултатите  за уште четворица други пациенти. Ова го изјави министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција при посета на Клиниката за неврохирургија каде што ќе се изврши иновативна хируршка метода „вградување стимулатор на нервот вагус”.

– Сите четворица се лекуваат овде во Скопје, а еден од нив е со потешка клиничка слика и е на респиратор, другите се со стабилна состојба – рече Филипче.






Тој информира  дека,  ако кај  овие четири случаи се потврди делта сојот вкупно ќе бидат осум случаи и додаде дека случаите не се поврзани меѓу себе.

Овие пациенти не биле вакцинирани, а засега не е познато дали патувале во странство.

 

Поврзани содржини