Во недела, 10 мај, 2026 година, ќе има посебен режим на сообраќај во Скопје поради улична трка, соопшти МВР.
Во периодот од 08 часот до 11:30 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи улична трка на 10 км. Стартната позиција е на булеварот Илинден пред фонтаната Лотос. Натпреварувачите ќе се движат по Илинденска до крстосницата со улицата Никола Парапунов, потоа по улицата Никола Парапунов до крстосница со булеварот Партизански одреди, десно до мостот Влајко каде што ќе вртат полукружно и назад по истиот коловоз до крстосницата со улицата Љубљанска каде што ќе вртат полукружно и по истиот коловоз ќе се враќаат назад на улицата Никола Парапунов и по булеварот Илинден до целта пред фонтаната Лотос.
Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.