🎥 ПОД КОНТРОЛА Е ОПАСНИОТ ПОЖАР ШТО СЕ ЗАКАНУВАШЕ НА КУЌИ ВО ВЕЛЕШКО Голем пожар и во Дојранско
Пожарот во велешкото село Каласлари им се закануваше на неколку куќи, но по интервенцијата на противпожарните сили и еден „ер трактор“ е ставен под контрола, информираше директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Голем пожар избувна денеска во велешкото село Каласлари им се закануваше на неколку куќи.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување во видеоизјава соопшти дека огнената стихија е под контрола.
Тој информира дека на пожарот интервенирале велешките пожарникари со тим од Национални шуми.
– Гаснеше и еден авион „ер трактор“, кој во моментот е повлечен, оти повеќе нема потреба – рече Ангелов.
Вториот тежок пожар е на територијата на Дојран, додаде Ангелов.
Избувнал на границата меѓу Македонија и Грција и се шири во двете насоки – и на македонска и на грчка страна.
Огнот горел на тежок и обраснат терен.
– Загрозени беа и куќи, но пожарникарите воспоставија делумна контрола, а очекувам наскоро да биде ставен целосно под јонтрола и изгаснат рече Ангелов.