ОБИЛЕН ДОЖД ГО РАЗЛАДИ СКОПЈЕ Тешки облаци и грмежи над Скопската Котлина

Според Управата за хидрометеоролошки работи нестабилното време во цела Македонија ќе се задржи до крајот на неделата.

0

Пороен дожд ја зафати Скопската Котлина попладнево во неколку наврати и донесе значително освежување после неколуте топли дена во Скопје. Температурата претпладнево достигнуваше до 34 степени, па се спушти на 23 степени Целзиусови.

Дестабилизацијата на времето донесе силен ветер и грмежи.






Според радарските слики, се очекува дожд и вечерва.

Фото: Принтскрин

 

Според Управата за хидрометеоролошки работи нестабилното време во цела Македонија ќе се задржи до крајот на неделата. Под влијание на серија влажни воздушни бранови до петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, наместа со повремени врнежи од дожд и грмежи, особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, над 15 литри на квадратен метар, електрични празнења, силен ветер над 60 километри на час и појава на град. Температурите ќе бидат во опаѓање. Во деновите од викендот ќе се задржи посвежо време и ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Поврзани содржини