ПОЧИНА БАСИСТОТ НА ЛЕГЕНДАРНИТЕ „ЛЕВА ПАТИКА“ Македонската музика загуби уште еден великан
Почивај во мир, Аљо…, напиша неговата сопруга Елена во емотивна објава на Фејсбук.
Македонската музика загуби уште еден врвен професионалец. Почина Аљоша Исмаиловски – Аљо, извонреден басист и дел од легендарните „Лева патика“.
Аљоша свиреше во повеќе македонски бендови меѓу кои и Чуден крој. Во „Лева Патика“ свиреше заедно со Бошко Доневски – Чико (тапани), Драган Груевски – Груле (гитара), Гранит Таки (вокал) и Рамис Јусуфи – Цики (клавијатури).
„Лева Патика“ се прослави со единствениот албум „Патика“ и песната Неправда, која стана антологиски хит. Албумот кој содржи десетина песни е издаден од загрепската куќа Сузи и е во продукција на Питер Мак Тагарт и Љубомир Бранѓолица.
Проштавањето со оваа урбана музичка легенда ќе се одржи утре, вторник, 25 февруари 2025 година, во 14:00 часот, во Капела бр. 1 на градските гробишта Бутел – Скопје.
„Почивај во мир, Аљо…”, напиша неговата сопруга Елена во емотивна објава на Фејсбук.