📽️ ПО ДЕВЕТ ГОДИНИ ПАУЗА СЕ ВРАТИ НА ФИЛМСКОТО ПЛАТНО Џесика Бил тренира за акционен филм, ѝ асистираат сопругот Џастин Тимберлејк и синовите
Додека актерката се подготвувала за физички напорната улога во „Matchbox: The Movie“, во тренинзите ѝ се придружувале и сопругот и двете деца. Таа откри дека синовите понекогаш ѝ ги прекинувале вежбите, но токму семејната поддршка ѝ помогнала полесно да се врати на големото платно.
Џесика Бил сподели забавни моменти од подготовките за својот нов филм „Matchbox: The Movie“, за кој морала сериозно да ја подобри физичката кондиција и возачките вештини. Актерката објави видео на Инстаграм во кое се гледаат нејзините тренинзи со личниот тренер Бен Бруно, но и неочекуваните помошници – сопругот Џастин Тимберлејк и нивните синови Силас и Финеас.
View this post on Instagram
Во видеото таа изведува различни вежби за сила, додека децата се врткаат околу неа и ѝ го одвлекуваат вниманието. Тимберлејк, пак, се вклучува во тренинзите и ѝ помага да ја поправи положбата при изведувањето на вежбите. Актерката низ смеа ги опишала како „здраво одвлекување на вниманието во салата“.
Подготовките не биле лесни. Бил откри дека морала да се справи и со повреда на грбот, додека се подготвувала за акционите сцени во филмот. За потребите на улогата вежбала и таканаречено прецизно спортско возење, со кое морала да совлада брзи маневри, остри вртења и контролирано запирање на автомобилот.
View this post on Instagram
„Matchbox: The Movie“ е нејзиниот прв филм по пауза од повеќе од девет години. Во него ја игра Ејми, болничарка и љубителка на аматерски автомобилски трки, која со група пријатели се вплеткува во опасна меѓународна мисија поврзана со ЦИА. Во филмот играат и Џон Сина, Артуро Кастро, Сем Ричардсон и Тејона Парис.
Актерката претходно изјави дека по 11 години мајчинство повторно се чувствува како себеси и дека токму затоа ѝ дошол вистинскиот момент за физички толку захтевна улога. Таа сакала да направи нешто што ќе ги воодушеви и нејзините деца, кои сега ја гледаат во поинакво светло.
Синовите Силас (11) и Финеас (6), кои ги има со Тимберлејк, навистина биле возбудени поради филмот, а постариот дури добил и мала улога на крајот од приказната. Бил откри дека Силас е заинтересиран и за музиката и сака да биде диџеј, па родителите му оставаат сам да одлучи во која насока сака да се развива.
Сепак, не му се допаднал баш секој изглед на мајка му во филмот. На премиерата во Њујорк, актерката раскажала дека Силас бил згрозен од зелениот фустан со длабоко деколте што го носи во една сцена.
Џесика Бил и Џастин Тимберлејк се венчаа во Италија во октомври 2012 година. Покрај семејните обврски, двајцата продолжуваат со своите кариери, а актерката вели дека сега, кога синовите се поголеми, повторно има простор да прифаќа улоги што бараат повеќе време, физичка подготовка и патувања.
View this post on Instagram