ПЛАТИЛ 28.700 ЕВРА ЗА ВРАЌАЊЕ НА ЗАПЛЕНЕТО ЗЛАТО, НО ОСТАНАЛ И БЕЗ ПАРИ Скопјанец пријавил измама, полицијата трага по осомничениот

Маж од скопско пријавил дека на лице кое лажно се претставило како државен службеник му дал околу 28.700 евра, верувајќи дека ќе му помогне да го врати претходно запленетиот златен накит.

1

Жител на скопско пријавил во полиција дека бил измамен за околу 28.700 евра од лице кое лажно се претставувало како службеник во државна институција и му ветило дека ќе му помогне да го врати претходно запленетиот златен накит.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 15 јули 2026 година во 21:30 часот во СВР Скопје.






Според пријавата, измамата се случувала во периодот од 12 ноември 2024 до 12 јануари 2025 година.

Пријавителот навел дека осомничениот го запознал во занаетчиски дуќан во Скопје, каде што му се претставил како службеник во државна институција. Тој му кажал дека преку свои пријатели може да му помогне да го врати претходно запленетиот златен накит, но за тоа било потребно да плати одредена сума пари.

Верувајќи во неговите тврдења, оштетениот му предал околу 28.700 евра.

Подоцна сфатил дека бил измамен и случајот го пријавил во полиција.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.

Поврзани содржини