📽️ ПЕТМИНА УАПСЕНИ КАЈ ВОЕНА БАЗА КОЈА САД ЈА КОРИСТАТ ЗА НАПАДИ ВРЗ ИРАН Британската полиција евакуиранше 85 домаќинства и се сомничи терористички чин
Полицијата добила дојава за три сомнителни возила кои се движеле кон РАФ „Ферфорд“, по што биле уапсени петмина мажи, а околу 85 домаќинства биле евакуирани.
Петмина мажи се уапсени во близина на воздухопловната база на Кралските воздухопловни сили (РАФ) „Ферфорд“ во Глостершир, западна Англија, под сомнение за прекршоци поврзани со експлозиви и подготовка на терористички чин. Апсењата уследиле откако полицијата била известена за три сомнителни возила кои се движеле кон базата, која ја користи американското воено воздухопловство за операции против Иран.
Полицијата го добила повикот околу 00:45 часот по локално време, по што вооружени полицајци интервенирале во областа Велфорд и ги уапсиле петтемина мажи под сомнение дека сториле прекршоци според Законот за експлозиви. Подоцна тие дополнително биле уапсени под сомнение за подготовка на терористички чин, согласно член 5 од Законот за тероризам.
По инцидентот, околу 85 домаќинства во близина на базата биле евакуирани како мерка на претпазливост. Поставен е безбедносен кордон од 400 метри околу возилата, а тим за деактивирање експлозивни направи на британската армија бил испратен на местото за да ги испита возилата.
Од воздух биле снимени роботи кои се приближуваат до три возила, додека специјализирани тимови вршат проверки на местото. Полицијата нагласи дека истрагата е во рана фаза и дека петтемина осомничени остануваат во притвор.
A bomb disposal robot has been used at the scene of the incident in the village of Whelford.
The vehicle appeared to be inspecting large white vans.
Sky’s @KamaliMelbourne reports on what is known so far.https://t.co/pbFbjT2Ano
Sky 501, Virgin 602, Freeview 233 pic.twitter.com/hwH9iQgxgH
— Sky News (@SkyNews) September 27, 2026
Антитерористичката полиција го презеде водењето на истрагата.
– Во раните фази сме на истрагата и петтемина мажи остануваат во притвор. Работиме со нашите партнери за да ги утврдиме околностите на инцидентот – изјави заменик-помошникот комесар Викторија Еванс, висок национален координатор на британската антитерористичка полиција.
Помошникот-началник на полицијата во Глостершир, Ричард Оконе, изјави дека властите работат на утврдување на целосната природа на инцидентот и ги повика граѓаните да не шпекулираат, туку да ги следат официјалните информации.
BREAKING: 🇬🇧 Multiple men arrested in the village called Whelford right next to the big air base RAF Fairford where the American planes stay.
Army bomb experts are checking some cars there.
News around the village said the cars might have been set up to explode
The air base… pic.twitter.com/EbmiECKmnw
— Megatron (@Megatron_ron) September 27, 2026
Трамп: Планирале да нанесат „голема штета“
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека петтемина мажи биле под истрага и од американските и од британските власти и дека, според информациите со кои располага, планирале да нанесат „голема штета“ на базата.
– Соработувавме со Британија и работата беше завршена неверојатно добро. Ги имавме под истрага. Тие планираа да нанесат голема штета на нашата база, а соработката со Британците одлично функционираше. Долго ги набљудувавме и ги фативме – изјави Трамп.
Британските власти засега не соопштија дека утврдиле конкретен мотив или цел на осомничените. Исто така, не е објавена нивната националност.
РАФ „Ферфорд“ е британска воена база во Глостершир, која долго време се користи и од американското воено воздухопловство. Во рамки на актуелниот конфликт со Иран, базата се користи како пункт за американски воени операции, вклучително и за бомбардери кои учествуваат во нападите врз цели во Иран.
Инцидентот доаѓа во период на зголемени безбедносни мерки околу базата поради нејзината улога во американските операции.
Американското воено воздухопловство соопшти дека останува „на штрек“ и дека постојано ги проценува безбедносните ризици и мерките потребни за заштита на американскиот персонал, цивилите, изведувачите и нивните семејства.
Истрагата продолжува, а британските антитерористички служби и полицијата во Глостершир ги испитуваат возилата и материјалите пронајдени во нив.