📽️ ПАДНА ПРИЗНАНИЕ ЗА УБИСТВОТО НА ПОЗНАТИОТ ДИРЕКТОР НА „ЈУНАЈТЕД ХЕЛТКЕР“ Манџионе сам направил пиштол со 3Д-печатач
Дваесет и осумгодишниот Манџионе првпат пред суд опиша како го подготвил убиството на директорот на „Јунајтед Хелткер“. Се претставил како инвеститор, ја истражувал конференцијата на компанијата, а потоа го застрелал Томпсон на Менхетен.
Луиџи Манџионе призна дека го застрелал и го убил Брајан Томпсон, директорот на „Јунајтед Хелткер“, во случајот што пред 2 години предизвика огромно внимание во САД. Пред судот во Њујорк тој се изјасни за виновен по федералните обвиненија и првпат самиот опиша како го подготвил злосторството, пишува Би-Би-Си.
Томпсон, 50-годишен татко на две деца, беше застрелан во грб на Менхетен на 4 декември 2024 година. Убиството на еден од најпознатите директори во американската индустрија за приватно здравствено осигурување предизвика голема полициска потрага, а Манџионе беше уапсен 5 дена подоцна.
Снимките од убиството на Томпсон среде улица кои уште тогаш се појавија на социјалните мрежи ја потресоа Америка.
Се претставил како инвеститор
Манџионе пред судот раскажа дека по години силни болки поради повреда на грбот имал проблеми и со здравственото осигурување. Кога дознал дека „Јунајтед Хелткер“ организира конференција за инвеститори во Менхетен, почнал да собира информации.
Luigi Mangione
There will be an anonymous jury.
What is that? Essentially jurors be designated as numbers not names. We have seen this in many high profile cases.
September 3 his State trial begins. Recall everything in his backpack was excluded in the state trial. (I guess… pic.twitter.com/DRLdQrHhQb
— Jennifer Coffindaffer (@CoffindafferFBI) August 11, 2026
Тој испратил електронска порака до компанијата претставувајќи се како инвеститор и добил одговор. Потоа, според неговото признание, со 3Д-печатач изработил пиштол.
– Го застрелав господинот Томпсон на Менхетен и тој почина – призна Манџионе пред судот.
Обвинителите ќе бараат максимална казна за Манџионе
Манџионе не склучил договор со обвинителството за признавање на вината. Поради тоа, федералните обвинители најавија дека можат да ја бараат максималната казна предвидена со закон, која може да значи доживотен затвор.
– Не може да има слава во атентатот – порача обвинителот Џејми Мекдоналд.
Според обвинителството, Манџионе не се согласувал со здравствената индустрија и се обидел преку насилство да испрати јавна порака.
Семејството е го нарече чинот грозоморен
Семејството на Томпсон соопшти дека казната треба да ја одразува тежината на, како што го нарече, „грозоморниот чин“.
Манџионе сè уште се соочува и со одделна постапка пред судот на државата Њујорк, закажана за 8 септември. Неговите адвокати побараа таа да биде отфрлена по федералното признание на вината, додека обвинителството во Менхетен најави дека е подготвено да продолжи со постапката.
Дете на богаташи, никогаш не бил клиент на „Хелткер“
Манџионе потекнува од богато семејство од Мериленд и дипломирал на престижниот Универзитет на Пенсилванија. Тој претходно зборувал за долгогодишни силни болки по повреда на грбот и за своето незадоволство од американскиот систем за здравствено осигурување. Сепак, полицијата и компанијата соопштија дека самиот Манџионе никогаш не бил клиент на „Јунајтед Хелткеар“.
Интересен факт е што по убиството Манџионе стана своевиден симбол меѓу дел од Американците гневни на здравствените осигурителни компании.