ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ЦЕНТАР ЌЕ ЗАБРАНАТ МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ Ако некое дете носи втор мобилен, веднаш ќе биде повикан родител

Со оглед на случувањата во последниот период кои резултираат со повреди на самите ученици, односно имитирање на апликации како Tik Tok и други, целта е да се подигне безбедноста во училиштата на повисоко ниво - вели градоначалникот Герасимовски.

556

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека Општина Центар донела низа препораки кои основните општински училишта имаат прифатено да ги спроведуваат со цел зголемување на безбедноста на учениците и подобрување на образовниот процес во центарските училишта.

– Сите основни училишта на територија на општината прифатија да се забрани користење на мобилните телефони од почеток до крај на наставата, а носењето на втор мобилен телефон да биде одземен и вратен на родителот. Со оглед на случувањата во последниот период кои резултираат со повреди на самите ученици, односно имитирање на апликации како Tik Tok и други, целта е да се подигне безбедноста во училиштата на повисоко ниво – вели Герасимовски.






Овие насоки се донесени врз основа на препораките на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО), кои во јули 2023 година укажаа на негативните ефекти од употребата на паметни телефони врз процесот на учење.

Препораките за забрана на користење на мобилните телефони се прифатени и во образовниот процес во дел од европските земји.  Истражувањата на кои се повикува УНЕСКО покажуваат дека мобилните телефони го одвлекуваат вниманието на учениците и имаат особено негативно влијание врз децата кои имаат потешкотии во учењето. Дополнително, децата повеќе разговараат меѓусебно и се дружат, што ја поттикнува социјалната интеракција.

 

Поврзани содржини