ОД АНКАРА СТИГНА ИНИЦИЈАТИВА ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК Силјановска-Давкова ја поддржа идејата за нов лекторат во Турција

Средбата на претседателката Гордана Силјановска-Давкова со претставници на македонската заедница во Турција отвори иницијатива за етаблирање на Катедрата по македонски јазик и формирање нов лекторат во Анкара.

20

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, во рамките на својата посета на Турција, оствари средба со припадници на македонската заедница во просториите на македонската амбасада во Анкара. На средбата присуствуваше и Севим Оздемир, претседателка на Здружението „Иселениците од Румелија“.

Меѓу присутните беа истакнати универзитетски професори, лекари, научници и професионалци кои изградиле успешни кариери во Турција, но остануваат длабоко поврзани со своите македонски корени и традиција, објави 4news.mk






Како еден од клучните заклучоци од оваа средба произлезе иницијативата на проф. д-р Мелахат Парс, раководителка на Катедрата по македонски јазик при Анкарскиот универзитет. Иницијативата се однесува на целосно етаблирање на катедрата и отворање на нов Лекторат по македонски јазик во Анкара.

– Оваа иницијатива ја препознавам како природен и стратешки чекор. Во земја каде што живее бројна заедница со македонско потекло, лекторатот ќе биде простор за изучување, негување и афирмација на македонскиот јазик – истакна претседателката Силјановска-Давкова.

Таа додаде дека во сведоштвата на нашите иселеници се преплетуваат спомените за родниот крај, постојаната грижа за македонскиот јазик, како и одговорноста ова културно богатство да им се пренесе на идните генерации во Турција.

Поврзани содржини