ОД 1% НАМАЛЕНО НА 0,95% СОБРАНИ ПОТПИСИ Намален прагот за независните кандидати, утре ќе се гласаат измените

Намалувањето на потребните потписи од 1% на 0,95% треба да го олесни учеството на независни кандидати и групи избирачи на претстојните избори.

214

Собранието утре ќе расправа за измени на Изборниот законик по скратена постапка, со кои се намалува потребниот број потписи за независни кандидати на изборите. Наместо досегашниот еден процент од запишаните избирачи во изборната единица, ќе биде доволно да се соберат 0,95 проценти потписи. Иако намалувањето е само 0,05 процентни поени, предлагачите сметаат дека овој чекор ќе го направи изборниот процес поинклузивен и поедноставен за групите граѓани кои сакаат да настапат на изборите без партиска поддршка.

За изборните единици во дијаспората, пак, останува јасно дефиниран праг – најмалку 1.000 потписи пред службени лица на дипломатско-конзуларните претставништва или конзуларните канцеларии, на образец пропишан од Државната изборна комисија (ДИК).






Предложените измени опфаќаат и нови дефиниции за интернет порталите согласно Законот за медиуми, како и усогласувања со Законот за организација и работа на органите на државната управа.

Според групата пратеници кои стојат зад иницијативата, целта е да се обезбеди транспарентен и фер изборен процес, да се надминат досегашните недоследности и да се зајакне правната рамка.

Измените доаѓаат откако ДИК ја стави вон сила сопствената упатство од 2024 година за собирање потписи, поради одлука на Уставниот суд со која се укинаа членови 61 и 62 од Изборниот законик.

Поврзани содржини