📽️ НОВО ШЕТАЛИШТЕ КРАЈ СЕРАВА ВО БУТЕЛ Пешачката патека долга 1.590 метри влегува во завршна фаза

Просторот крај реката Серава треба да добие осветлување, клупи, зеленило и детски игралишта. Градоначалнкот на Скопје најавува дека проектот е пред целосно завршување.

1

Новото шеталиште покрај реката Серава во Бутел влегува во завршна фаза. Пешачката патека ќе биде долга 1.590 метри, соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Проектот опфаќа темелно уредување на коритото на Серава и изградба на новата патека.






„Она што со години беше само ветување, денес е речиси целосно реализирано! Новата пешачка патека во должина од 1.590 метри создава целосно нов, безбеден и уреден простор за прошетка, рекреација и дружење“, истакна Ѓорѓиевски.

Според најавата, просторот ќе добие ЛЕД-осветлување, нови клупи и друга урбана опрема. Предвидени се и зеленило и нови детски игралишта.

„Создаваме простор каде децата ќе растат и ќе играат, семејствата ќе поминуваат време заедно, а граѓаните ќе имаат уште едно убаво и уредено катче во своето Скопје. Чекор по чекор, проект по проект, го менуваме Бутел и го градиме Скопје какво што заслужуваат неговите граѓани“, порача градоначалникот.

 

Поврзани содржини