НОВА РУСКА ПОМОРСКА РУТА МОЖЕ ДА ЈА СМЕНИ ТРГОВИЈАТА Москва ги поврзува Африка и Црното Море

Ако се остварат најавите, рутата наскоро ќе се протега до Дакар, клучно пристаниште на Сенегал, што би значело нова точка на влијание за Москва во Западна Африка.

394

Русија тивко го повлекува следниот стратешки потег отворајќи нова поморска трговска рута наспроти старите канали на Западот. На 15 мај, од пристаништето Новоросијск на Црното Море ќе исплови првиот товарен брод на новата поморска рута што ќе ја спои Русија со Африка, па дури и со двата американски континента.

Оваа рута, долга околу 5.350 наутички милји (близу 10.000 километри), ќе минува низ Медитеранот, покрај Гибралтар, па потоа долж западниот брег на Африка, каде првата станица ѝ е Лагос, економскиот пулс на Нигерија.






Потегот не е само картографска иновација, туку и драстично намалување на логистичките трошоци. Рускиот извоз, особено храната, машините и транспортната опрема, отсега ќе стигнуваат во Нигерија речиси двојно поевтино. Од сегашните 8–9 илјади долари по контејнер, цената би паднала за речиси 50 проценти.

 

Потегот доаѓа во миг кога Нигерија, нов член на БРИКС, се доближува кон Москва, додека државите од Сахел (Мали, Нигер, Буркина Фасо) сѐ поотворено ги затвораат вратите за француското воено присуство, барајќи нови стратешки партнери на исток.

Зад новата маршрута стои „A7 African Cargo Line“, руска фирма специјализирана за товарен транспорт. Почетната флота брои два чартер брода со капацитет од по 700 TEU – стандардни 20-стапни контејнери. Тоа е скромен старт, но геополитичката тежина на оваа рута е далеку поголема.

Новиот логистички канал ќе биде двонасочна артерија: освен рускиот извоз, се очекува во Русија да почне да пристигнува памук од Мали, кој досега беше скап за транспорт.

Ако се остварат најавите, рутата наскоро ќе се протега до Дакар, клучно пристаниште на Сенегал, што би значело нова точка на влијание за Москва во Западна Африка. Од таму, не се далеку пазарите на Латинска Америка.

 

Поврзани содржини