НОВ КОЛАПС ВО ШПАНИЈА, ПАДНАА МОБИЛНИТЕ МРЕЖИ Компанијата „Телефоника“ ја призна вината

Причина за прекинот биле надградбите што ги спровела компанијата „Телефоника“. Таа призна вина и најави решавање. Во некои области сервисот веќе е вратен. Пред само три недели, милиони луѓе во Шпанија и во Португалија останаа без струја.

889

Националната телефонска мрежа падна во Шпанија – само неколку недели по големиот електричен колапс што го парализираше полуостровот.

Најпогодени беа фиксните линии, а граѓаните не можеа да се јават на 112 во повеќе региони, вклучувајќи ја Валенсија, Арагон, Баскија и Екстремадура. Мрежата се враќа постепено, јавија медиумите.






Причина за прекинот биле надградбите што ги спровела компанијата „Телефоника“. Таа призна вина и најави решавање. Во некои области сервисот веќе е вратен.

Проблемите почнале ноќеска, околу 2 часот. Според „Даундектор“, 72% пријавиле целосен прекин, 18% немање сигнал, 10% други проблеми.

Министерството за дигитална трансформација соопшти дека ја следи ситуацијата и бара конкретни информации од операторот.

Пред само три недели, милиони луѓе во Шпанија и во Португалија останаа без струја. На шпанската електрична мрежа ѝ беа потребни речиси 23 часа за повторно да го прогласи системот за оперативен, а прекинот ги погоди семафорите, уличното осветлување, терминалите за плаќање и информативните екрани.

Поврзани содржини