Територијата на Македонија до крајот на денешниот ден ќе биде под влијание на циклонска активност југоисточно од нас и на влажна и на нестабилна воздушна маса која ќе услови за имаме облачно време со врнежи од дожд кои особено во западните и во југозападните предели ќе бидат обилни и поројни и проследени со локална појава на грмежи и со засилен ветер од северен и од северозападен правец (до околу 60 км/час). Локално атмосферските процеси во овие предели може да бидат поинтензивни и во форма на невреме.
Во западните и во југозападните предели локално ќе наврне поголемо количество на дожд (над 20 литри на метар квадратен дожд).
Ова го предвидува метеопрогнозерот Славчо Поповски чија прогноза може да ја прочитате на следниот ЛИНК