🎥 ЌЕРКАТА НА ЛЕГЕНДАРНИОТ МИШО КОВАЧ ПРЕПЕА ПЕСНА ОД ТАТКО Ѝ „Ја слушам оваа песна од детството“

Ивана Ковач ќе претстави преработка на хитот на нејзиниот татко Мишо Ковач „Мало ми је један живот с тобом“ на овогодинешниот фестивал CMC во Водице, Хрватска.

43

Ивана Ковач ја објави преработката на хитот „Мало ми је један живот с тобом“, оригинално изведен од нејзиниот татко Мишо Ковач. Таа ќе настапи со оваа песна на фестивалот CMC во Водице, Хрватска, на 13 јуни.

Најубавата летна сцена ѝ е добро позната, бидејќи таму настапувала неколку пати претходно, а последен пат ѝ  се претстави на публиката со заразниот сингл „Овисан“.






– Песната е прекрасна, носи посебна емоција во себе, а Лео Шкаро и Тони Рајновиќ ѝ дадоа нов изглед. Првпат ја слушнав кога бев многу мала, околу седум или осум години. Прва е на листата песни од албумот ‘Ivana piva ćaću’ („Ивана го пее татко ѝ“) и некако се наметна кога Тони ги испрати аранжманите. Знаевме дека мора да почнеме токму со неа. А што се однесува до пеењето на песните на мојот татко, веќе сум навикната – рекла Ивана.

Музиката за песната ја напиша Ѓорѓе Новковиќ, текстот е на Марина Туцаковиќ, додека новиот аранжман е на Тони Рајновиќ и Лео Шкаро.

Оригиналната верзија на песната „Malo mi je jedan život s tobom“ ја издаде Мишо Ковач во 1987 година, а песната набрзо стана еден од неговите најголеми хитови. Истата година, тој го претстави истоимениот албум, кој вклучуваше безвременски класици како што се „Svi pjevaju, ja ne čujem“, „Poljubi zemlju“ и „Slušaj majko, moju pjesmu“, како и бројни други песни што публиката сè уште ужива да ги слуша и денес.

Поврзани содржини