НОВ АМЕРИКАНСКИ НАПАД ВРЗ ИРАН Иранците возвраќаат со ракетирање цели во Кувајт

Цел на американските напади е островот Кешм, како и четири локации во покраината Бушер, каде се наоѓа единствената активна иранска нуклеарна електрана.

0

Иранската новинска агенција Фарс јави дека попладнево биле регистрирани неколку експлозии на островот Кешм, во близина на Ормуска Теснина.

Фарс наведе дека областа Масан на островот Кешм изминатите денови била неколку пати нападната од американскиот непријател.






Претходно, државната Иранска новинска агенција (ИРНА) јави дека проектили погодиле четири локации во градот Бушер, со што „продолжува кршењето на примирјето од страна на американскиот непријател“.

Во покраината Бушер е лоцирана единствената активна иранска нуклеарна електрана.

Нападот врз градот Бушер уследи по експлозиите во пристанишниот град Бандар Абас и во Џогатаи.

Во меѓувреме, властите во Кувајт соопштија дека земјата е под воздушен напад.

„Вооружените сили во моментов пресретнуваат непријателски цели во кувајтскиот воздушен простор, соопшти Генералштабот на армијата во соопштение, при тоа ги повика луѓето да „ги следат безбедносните упатства издадени од властите“.

Иран изминатите денови изврши повеќекратни напади врз Кувајт и другите сојузници на САД во Персиски Залив, како одговор на американските напади врз негова територија.

Поврзани содржини