НИКОЛАС МАДУРО СЕ ЈАВИ ОД ПРИТВОР Порача дека Венецуела ќе се прероди
Фотографиите се направени на 25 јуни во Метрополитен притворниот центар во Бруклин, Њујорк, каде што Мадуро чека судење со неговата сопруга Силија Флорес. На нив е прикажан во затворска облека, насмеан и покажува знак на победа.
Пранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро ги објави своите први фотографии од американски притвор, речиси осум месеци откако американските сили го уапсија во Каракас и го префрлија во САД.
Фотографиите се направени на 25 јуни во Метрополитен притворниот центар во Бруклин, Њујорк, каде што Мадуро чека судење со неговата сопруга Силија Флорес. На нив е прикажан во затворска облека, насмеан и покажува знак на победа.
„Сакам да знаете дека стоиме цврсто, нашите срца се полни со вашата љубов“, рече Мадуро во објава на социјалните мрежи.
Тој ги опиша фотографиите како „мал подарок на љубов и надеж“ за неговите внуци, деца и поддржувачи.
„Ќе останеме силни, спокојни и самоуверени: Бог е со нас. Бог ќе се грижи. Венецуела ќе се прероди“, напиша тој.
Мадуро и неговата сопруга се во притвор без кауција откако беа заробени од американските сили на 3 јануари за време на воена операција во Каракас.
Американскиот федерален судија Алвин Хелерстин го закажа нивното судење за 1 јуни 2027 година.
Мадуро и Флорес се соочуваат со обвиненија што вклучуваат заговор за извршување наркотероризам, заговор за увоз на кокаин во САД и обвиненија поврзани со оружје. Американските обвинители тврдат дека соработувале со нарко-картелите за шверцување големи количини кокаин во САД. Двајцата се изјаснија за невини.
Мадуро ги негираше обвиненијата на своето прво појавување пред американскиот суд во јануари.
– Јас сум пристоен човек. Јас сум сè уште претседател на мојата земја – рече тој тогаш.
Неговите адвокати ја оспоруваат самата можност за кривично гонење, тврдејќи дека Мадуро ужива имунитет како шеф на државата. Се очекува судот да го разгледа прашањето за имунитетот пред почетокот на главното судење.
Мадуро (63) и Флорес (69) остануваат во притвор во Бруклин до понатамошна одлука.
Pequeño regalo de amor y esperanza
Envío estas fotos como un pequeño regalo a todos mis nietos y nietas, a los niños y niñas, y a toda la gente noble que nos ama. pic.twitter.com/Z6u3130arn
— Nicolás Maduro (@NicolasMaduro) August 30, 2026