НЕВРЕМЕ СО СИЛЕН ПОРОЈ, ВЕТЕР И ГРАД Кратко и бурно освежување за викендот
За време на викендот времето претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
За време на викендот времето претпладне ќе биде сончево и топло. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Поради големата енергија во атмосферата, локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.
Во Скопје за време на викендот времето претпладне ќе биде сончево и топло. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.
