НЕВРЕМЕ ГО ПОГОДИ ЈУГОИСТОКОТ Струмица е следна на удар, предупредување за западот

Според прогнозите, нестабилноста нема да се задржи само во источниот и јужниот регион. Во попладневните часови, ваква нестабилна временска состојба со пороен дожд се очекува и во западниот дел од земјата.

815

Центарот за управување со кризи (ЦУК), повикувајќи се на податоци од УХМР, предупредува дека источниот и јужниот дел од земјата во моментот се зафатени со нестабилна воздушна маса проследена со силен пороен дожд и на некои места со град.

Најпогодени се подрачјата околу градовите Пробиштип и Кочани, па сè до Гевгелија. Според информациите, со град се зафатени селата Куклеш и Свидовица во струмичко, а нестабилната воздушна маса се движи на север, директно кон градот Струмица, каде што се очекува интензивен пороен дожд да го зафати и градското подрачје.






„Граѓаните се повикуваат на зголемено внимание, особено во деловите каде што има нагли промени во временските услови и можно излевање на атмосферски води“, соопштија од ЦУК.

Според прогнозите, нестабилноста нема да се задржи само во источниот и јужниот регион. Во попладневните часови, ваква нестабилна временска состојба со пороен дожд се очекува и во западниот дел од земјата.

ЦУК апелира до граѓаните да ги следат официјалните информации, да не се движат низ подрачја кои се под ризик од поплави, и да пријават евентуални штети до локалните кризни штабови.

Поврзани содржини