ПОПУШТИ ПОКРИВОТ НА БАЗЕНОТ ВО КАРПОШ Паднала фасадна лајсна, директорот стави клуч на објектот

Веќе биле ангажирани стручни лица од Градежниот факултет коишто ги детектирале проблемите и препорачале нивна итна санација.

680

Попушти кровната конструкција на базенот во рамките на спортскиот центар „Борис Трајковски“, поради што надлежните привремено ставија клуч на врата.

Директорот на Спортскиот центар, Данијел Апостолоски за Дoјче веле вели дека не постои опасност кровот да падне, но поради безбедносни причини во наредните 40 дена базенот нема да работи, додека не се санираат проблемите коишто биле детектирани.






Веќе биле ангажирани стручни лица од Градежниот факултет коишто ги детектирале проблемите и препорачале нивна итна санација.

– Од Градежен факултет направија испитувања и утврдија дека носечката челична конструкција е добра, меѓутоа секундарната којашто е под неа била реконструирана во 2010 година. Најверојатно проектот не бил во целост имплементиран. Низ годините, топлотната пумпа не работела, а се појавувале и други проблеми. Кондензацијата на воздухот и влажноста во базенот си го направиле своето и сѐ било корозирано – вели Апостолоски.

Проблемот бил детектиран откако паднала фасадна лајсна од покривот. Директорот вели дека таа не била тешка, и не можела да предизвика посериозен проблем, но била доволен аларм за да се изврши проверка на објектот.

– Поради безбедносни причини, за да не се случи поголем проблем, превентивно извршивме проверки на објектот. Од Градежен факултет не советуваа да се затвори базенот додека не се санираат одредени недостатоци – вели Апостолоски.

Поврзани содржини