НАСА НЕ СМЕЕ ДА ГО ОТВОРИ КАПАКОТ! Инаку отиде примерокот кој ја крие тајната за животот на Земјата…
Бидејќи астероидот Бену е стар 4,6 милијарди години, што е приближно колку и нашата планета, тогаш примероците, меѓу другите нешта, можат да ни откријат дали и како се создала водата на планетата, односно, дали молекули вода биле донесени на Земјата преку астероди, а не се создале од тукашните водород и кислород, како што вели една популарна теорија.
НАСА засега не може да го отвори садот со примерок од древниот астероид Бену кој може да ни открие толку многу тајни за нашата планета Земја. Причината е тоа што самите алатки со кои треба да биде отворена кутијата можат да ги контаминираат примероците, пишува ИФЛ Наука.
НАСА вели дека во следните недели ќе бара нов начин да го отвори капакот. Внатре пак, во садот, тече азот за примерокот да остане неконтаминиран. Верувале или не, научниците со месеци вежбаа да го отворат капакот.
Досега, тимот успеа да пристапи до 70,3 грама карпи и прашина однадвор и внатре во главата на примерокот, со дел од примероците достапни преку таканерачена „миларна клапа“. Тоа ја надминува нивната првична цел од 60 грама (2,12 унци).
Сепак, сè уште има материјал внатре до кој не може да се пристапи преку миларната клапа, што се чува внатре од тие сврзувачки елементи.
Бидејќи астероидот Бену е стар 4,6 милијарди години, што е приближно колку и нашата планета, тогаш примероците, меѓу другите нешта, можат да ни откријат дали и како се создала водата на планетата, односно, дали молекули вода биле донесени на Земјата преку астероди, а не се создале од тукашните водород и кислород, како што вели една популарна теорија.
Водата, пак, е поврзана и со тоа како настанал животот на планетата, односно дали имало панспермија – органски молекули донесени преку астероиди од некаде далеку во универзумот…
Она што пред извесно време ги изненади астрофизичарите, на пример, е дека водата, како молекула постоела и во раните фази на самиот наш универзум, кој со своите 13,8 милијарди години е три пати постар од планетата Земја.