НАМЕСТО НА ТЕЛЕВИЗОР, НА КОШУЛА Миленцата на баба – од чеиз до уникатно модно парче со своја приказна

Емилија Миладинова Аврамчева, претседателка на здружението Добредојде Маседониа Велкам Центар и модната дизајнерка Ирина Тошева, од неодамна имаат уште еден заеднички проект: старите милеа што ги плетеле нашите баби и мајки, да ги претвораат во уникатни модни парчиња со огромна сентиментална вредност.

6,207

Не толку многу одамна, не постоеше дом во кој немаше миленце на маса, врз телевизорот и на комодите, но и раскошни плетени чаршафи за трпезариските маси, за оние пригоди кога треба да ви дојдат многу важни гости за многу важна пригода.

За среќа, љубителите на ретро-дизајнот, полека почнаа да ги враќаат на сцена, па сега може да се видат не само по нивните домови, туку и во кафулињата кои се уредени во ретро-стил.






Но она што нашата соговорничка Емилија Миладинова Аврамчева реши да го прави со миленцата наследени од својата баба, е нешто сосема друго.

Таа, со миленцата и со својата првична желба – да им даде нов живот, отишла кај нашата модна дизајнерка Ирина Тошева, позната по својата посветеност за одржлива мода и минимизирање на отпадот, но и по својата ангажираност во различни социјални проекти.

Двете веќе неколку години соработуваат на поттикнување на женското претприемништво и оживување на старите македонски занаети во сферата на текстилот и дизајнот, со поддршка од Амбасадата на Република Словенија. Од самиот почеток, нивната соработка се темели на взаемна доверба, почит и заедничка желба да го поврзат традиционалното со современото – да му дадат нов живот на она што е старо, но безвременско.

Иако од различни генерации, Емилија и Ирина се разбрале од прва.

Целиот текст, како и повеќе фотографии од креациите на Ирина, ќе најдете ТУКА.

Поврзани содржини