НАМЕСТО ДА БАРА УРИВАЊЕ, ФИЛИПЧЕ ПОТПИШАЛ АНЕКС ЗА МЕНУВАЊЕ НА ПАНЕЛИТЕ НА МОДУЛАРНИТЕ БОЛНИЦИ Додека Македонија тагуваше, Венко мислел само како да се спаси, обвини Манасиевски

Зошто претходно Филипче дозволил таквите болници да се користат, а веднаш по пожарот побрзал да ги промени панелите и ја зголемил цената за 20%, спротивно на договорот и дали тие 20% се причината за пожарот во Тетово и смртта на 14 луѓе, праша Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

352

Додека Македонија тагувала и ги броела жртвите од пожарот во тетовската модуларна болница, поранешниот министер за здравство Венко Филипче анексирал договори за градба, за да се спаси, обвини Валентин Манасиевски од ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Венко Филипче, кој дозволил да се изгради модуларната болница во Тетово со неогноотпорни материјали, во денови по пожарот склучува анекс со фирмата-изведувач да ги промени панелите од кои се изградени контејнерите, со огноотпорни. Имено, Филипче склучува анекс на договор со фирмата која ги гради модуларните болници и ја зголемил цената за 20 отсто, само за да се променат материјалите во другите болници низ државата. Зошто Венко Филипче побрзал да склучи договор за промена на материјалите од кои се изградени модуларните болници? – праша Манасиевски.






Зошто претходно Филипче дозволил таквите болници да се користат, а веднаш по пожарот побрзал да ги промени панелите, додаде тој.  Зошто веднаш ја зголемил цената за 20% и дали тие 20% се причината за пожарот во Тетово и смртта на 14 луѓе, праша Манасиевски.

– Дали Венко Филипче морал неминовно да го анексира договорот за 20%, затоа што тие пари претходно завршиле во нечиј џеб? Од тендерската документација и Основниот договор за набавка на работи бр. 23-1431/17 од 28.5.2021 година јасно може да се утврди следново: член 7.3.1 од тендерската документација – договорниот орган во рамките на оваа точка не предвидел разлика, т.е. корекција на цени, туку напротив, стои одредба дека цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот. Во член 3 од Договорот исто така е предвидено дека единствените цени кои се дадени во понудата која е составен дел на договорот ќе бидат фиксни и непроменливи по било кој основ. Следствено, член 2 од Анексот бр. 23-1431/63 од 20.12.2021 е во целост спротивен на Основниот договор, па согласно член 116, 117 и 119, а во врска со член 39 и 41 од Законот за облигациските односи е ништовен – објасни Манасиевски.

Наместо Министерството за здравство да му наложи на изведувачот сите измени согласно договорот да ги направи и изработи на свој трошок, Министерството, пазете, му одобрува на изведувачот 20% зголемување на цената, потенцира Манасиевски.

– Наместо да бара од носителот да ги урне објектите кои ја загрозуваат безбедноста и да побара да си ги изведе на свој трошок работите, Министерството за здравство склучува анекс со промена на 20% повисоки цени.  Овој анекс е склучен на 20.12.2021 година, само две недели пред заминувањето на Филипче од позицијата министер за здравство, бидејќи веќе од јануари 2022 година, Министерството за здравство го презема Беким Сали. Анексот, кој е потпишан само од Филипче, никогаш не е објавен на страната на Електонскиот систем за јавни набавки, во делот на измени на договорот – рече Манасиевски.

Оттука се поставува прашањето, додаде тој, зошто Филипче потпишал анекс кој е целосно спротивен на основниот договор и е законски ништовен?

– Зошто Филипче не побарал од фирмата-изведувач да ги сруши модуларните болници и да направи нови со подобар квалитет и според Законот за градење и Законот за здравствена дејност Дали одговорот на сите овие прашања е 20%? И каде завршиле тие? Вистината за модуларната болница, јавноста мора да ја дознае – рече Манасиевски.

Тој најави дека утре ќе ја одржи четвртата прес-конференција на оваа тема, на која ќе објави за случај на судир на интереси на лицето кое ги одобрувало техничките спецификации за модуларните болници, кое било назначено директно од Филипче.

Поврзани содржини