НАГРАДУВАНА ГЛУМИЦА ПОЧИНА ВО 26-ТАТА ГОДИНА ОД ЖИВОТОТ Веста за ненадејната смрт на младата актерка ја потресе филмската и телевизиската сцена

Германската актерка Луна Џордан почина ненадејно во 26-тата година, оставајќи зад себе успешна кариера и силни јавни настапи за злоупотребата и притисоците во филмската индустрија.

0

Германската актерка Луна Џордан почина во 26-тата година од животот, а веста за нејзината ненадејна смрт ја потресе филмската и телевизиската сцена.

Наградуваната актерка, најпозната по своите улоги во сериите „Polizeiruf 110“, „Jenseits der Spree“ и трилерот на Нетфликс „Sleeping Dog“, почина на 13 мај, потврдија нејзините агенти. Според странските медиуми, причината за смртта сè уште не е објавена.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by LUNA JORDAN (@luna_jordan_)

Џордан само неколку недели пред нејзината смрт доби една од најголемите улоги во нејзината кариера – требаше да ја игра легендарната фотографка Астрид Кирхер во претстојниот биографски филм за Битлси „Hamburg Days“. Веста за нејзината смрт затоа дополнително ги шокираше обожавателите и колегите кои веруваа дека ја чека одлична меѓународна кариера.

Родена во Берлин од австриската актерка Бетина Ратшев и германскиот музичар Френк Џордан, Луна почнала да глуми уште како дете и со текот на годините се етаблирала како едно од најперспективните млади имиња на германската сцена.

Глумеше во бројни телевизиски серии и филмови, вклучувајќи ги „Der Bergdoktor“, „Wild Republic“ и „Euphorie“, германската верзија на популарната серија на HBO „Euphoria“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LUNA JORDAN (@luna_jordan_)

Својот голем пробив го доживеала во 2022 година во филмот „Fuchs im Bau“ (Лисица во дупка), за кој ја освоила австриската филмска награда за најдобра споредна женска улога. За време на нејзиниот говор за прифаќање на наградата, таа отворено проговори за сексуалното вознемирување во филмската и театарската индустрија.

– Имам само 20 години и веќе четири пати сум била жртва на сексуална злоупотреба на филмски сетови и во театрите. Тоа не би требало да биде нормално, но е – рече таа тогаш во говор кој силно одекна во јавноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LUNA JORDAN (@luna_jordan_)

На почетокот на оваа година, таа се појави и во документарецот „Деца актери – Цената на успехот“, во кој отворено зборуваше за психолошкиот притисок на актерската индустрија и за сопствените емоционални борби.

– Понекогаш лежев на подот и плачев половина час, а не знаев што ми е. Повеќе не можам да се уништувам себеси поради вакви проекти – призна таа.

Телевизиската компанија NDR ја опиша како извонреден талент со уникатен драматичен интензитет, додека социјалните мрежи беа преплавени со пораки за збогум од колеги и обожаватели по веста за нејзината смрт.

– Многу љубов за Луна Џордан. Нејзиниот говор на Австриските филмски награди ќе биде незаборавен – напиша еден корисник на социјалната мрежа X.

Многумина сега истакнуваат дека Луна Џордан не беше само талентирана актерка, туку и една од ретките млади уметници кои јавно проговорија за темната страна на филмската индустрија и притисоците со кои се соочуваат младите актери зад камерата.

Поврзани содржини