НАД 35 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ОТКУПОТ НА МЛАДА ЗЕЛКА ЌЕ ВЛЕЗАТ ВО МАКЕДОНИЈА Родот не завршува на буниште, како во времето на СДСМ

Само оваа година над 35 милиони евра ќе влезат во Македонија од откупот на млада зелка. Тоа е показател дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи, порача партијата во реакцијата до СДСМ.

0

Лудилото на СДСМ нема крај, немаат чувство за реалност, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на СДСМ на која партијата обвини дека земјоделството никогаш не било во полоша состојба.

„Очигледно имате кратка меморија, па затоа да ве потсетиме дека пролетта 2025 година Преспанскиот регион беше погоден од мраз и родот на јаболка беше намален за 50%. За разлика од минатото, јаболката денес не пливаат по Преспанското Езеро“, се наведува во реакцијата.






Соберете храброст и признајте дека денес откупот се одвива непречено, нема фрлен род на буништа, што беше во минатото ваше секојдневие, додава ВМРО-ДПМНЕ.

„Само оваа година над 35 милиони евра ќе влезат во Македонија од откупот на млада зелка. Тоа е показател дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи. Нема зелка што се тркала по улици, симбол на вашата неспособност“, порача ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да држите прес конференции колку да пополните агенда и да ширите паника, признајте дека земјоделството денес е одржливо, за разлика од хаосот што го оставивте, потенцира партијата.

„А, што се однесува до вашите „скандали“ со млечните производи, што е уште една евтина ваша манипулација, денес Агенцијата за храна и ветеринарство функционира и контролира, за разлика од вашето време, кога не се знаеше каде завршува храната со откриени пестициди. Вашиот проблем е што реалноста не ви одговара“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Филип Тортевски од Комисија за земјоделство на СДСМ денеска рече дека земјоделците се на раб на преживување, а откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители паднал за 46,2 проценти.

Поврзани содржини