НАЈМАСОВНОТО ЖЕНСКО ДВИЖЕЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА БЕШЕ АФЖ Организацијата ги постави темелите на феминизмот
Доминантна цел на АФЖ било да го подобри образованието на жените и зголемување на нивната стапка на писменост, бидејќи мнозинството од неписмени во тоа време биле жени.
Жените во Македонија во Втората светска војна биле активни и формирале Антифашистички фронт, како дел од АФЖ, најмасовното женско движење на просторите на некогашна Југославија. АФЖ е претходник на неколку денешни феминистички организации.
На денешен ден во Кавадарци пред 80 години било формирано друштвото, а две години претходно вакви друштва биле формирани во сите земји од Југославија. Претходници на АФЖ се комисиите за работа со жените во комитетите на Комунистичката партија на Југославија.
Доминантна цел на АФЖ било да го подобри образованието на жените и зголемување на нивната стапка на писменост, бидејќи мнозинството од неписмени во тоа време биле жени.
Движењето било тесно поврзано со организацијата на Грчката граѓанска војна, Народноослободителниот фронт во која имало значителен број жени партизанки. Организацијата, како и нивните сојузници, Народноослободителниот фронт и Ослободителната народна Младинска Асоцијација на грчка Македонија, биле етикетирани како „бандити“ од страна на грчката влада по Втората светска војна.
Организацијата се состоела од Главен одбор, Извршен одбор и Пленум. Орган на АФЖ станало списанието Македонка, чиј прв број се појавил во ноември 1944 година и тоа е првото женско списание на македонски јазик.
До декември 1944 година целата земја била покриена со ограноци на АФЖ. Најистакнатата фигура во движењето била Веселинка Малинска, одликуван ветеран на НОБ на Македонија и учесник на АСНОМ чиј татко бил дел од Илинденското востание во 1903 година.
Во 1953 година АФЖ се трансформирала во Сојуз на женските друштва на Македонија, во 1961 година организацијата станува КОАЖ – Конференција за општествена активност на жената, а подоцна и КОПАЖ, со П кое било додадено да значи положба на жената.
Во 1991 година Организацијата престанала да постои, а за нејзина наследничка се прогласила Организацијата на жените на Македонија (ОЖМ).
По повод 80 години од формирањето на Антифашистичкиот фронт на жените (АФЖ) во Македонија, во периодот од 12 до 24 декември 2024 година во Скопје ќе се одржат серија културно-уметнички настани отворени за целата јавност, преку кои комеморативно, научно и критички ќе се практикува културата на сеќавање на ова движење.