МЕТ ДЕЈМОН НА ПРЕМИЕРАТА НА „ОДИСЕЈА“ СО СОПРУГАТА И ЧЕТИРИТЕ ЌЕРКИ Ретко семејно појавување на црвениот тепих

Холивудскиот актер кој ја игра главната улога во „Одисеја“ ги одведе своите ќерки на ексклузивната забава по премиерата за да се забавуваат со ѕвездената екипа.

109

Мет Дејмон (55), ја одбележа премиерата на својот нов филм „Одисеја“ со едно ретко јавно појавување на целото семејство. Холивудскиот актер на свечената премиера пристигна во придружба на сопругата Лусијана и нивните четири ќерки – Алексија (26), Изабела (19) и тинејџерките Џиа (17) и Стела (15).

По премиерата, 55-годишниот актер заминал на ексклузивната забава во приватниот клуб „Освалдс“ во лондонскиот кварт Мејфер, каде што му се придружиле тинејџерките Џиа и Стела.






Стела привлече внимание во розов сатенски фустан со детали од чипка, додека Џиа избра впечатлив фустан со животински принт. На забавата беше забележана и нивната постара сестра Изабела.

Меѓу бројните славни гости беа и актерките Шарлиз Терон, Џамила Џамил и Миа Гот, како и актерската двојка Том Холанд и Зендеја, кои беа фотографирани при заминувањето од настанот.

Во филмот „Одисеја“, режиран од Кристофер Нолан, Дејмон ја толкува главната улога – Одисеј, кралот на Итака. Приказната го следи неговото долго и тешко враќање дома по Тројанската војна, во обид повторно да се обедини со сопругата и синот. Филмот треба да почне да се прикажува во кината на 17 јули.

Иако е една од најголемите холивудски ѕвезди, Дејмон е познат по тоа што внимателно ја чува приватноста на своето семејство и ретко ги носи сопругата и ќерките на јавни настани. Токму затоа нивното заедничко појавување на премиерата привлече големо внимание.

Во неодамнешно интервју, актерот зборуваше за предизвиците и радостите на родителството. Тој раскажа дека неодамна неговата 17-годишна ќерка Џиа го замолила да ѝ ја исчешла косата пред училиште.

– Не ми се веруваше. Последен пат ѝ ја чешлав косата пред осум или девет години. Времето минува неверојатно брзо – изјавил актерот.

Дејмон и Лусијана се во брак од 2005 година. Тој ја посвои нејзината ќерка Алексија, а подоцна двојката доби уште три ќерки – Изабела, Џиа и Стела.

– Не можам да си го замислам животот без нив. Не сакам ни да помислам како би изгледал мојот живот ако не станев татко – признал актерот.

Поврзани содржини