НЕМА ПРЕГОВОРИ АКО ТРАМП НЕ ПРЕСТАНЕ ДА СЕ ЗАКАНУВА! Иран му одговори на американскиот претседател

„Преговорите за постигнување конечен договор нема да започнат доколку продолжат заканите. Исполнете го својот збор“, напиша Арагчи на социјалната платформа „Икс“.

0

Преговорите за постигнување конечен договор меѓу Техеран и Вашингтон нема да започнат доколку продолжат заканите од страна на САД, предупреди иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи.

Изјавата на Арагчи доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „САД ќе ја завршат работата“ доколку не биде постигнат конечен договор.






„Преговорите за постигнување конечен договор нема да започнат доколку продолжат заканите. Исполнете го својот збор“, напиша Арагчи на социјалната платформа „Икс“.

Арагчи се осврна на Меморандумот за разбирање потпишан минатиот месец меѓу Иран и САД, со кој двете страни се повикуваат да се воздржат од упатување закани или преземање воени дејствија.

Индиректните разговори помеѓу САД и Иран завршија минатата недела без знаци за напредок кон траен мир, и покрај 60-дневното примирје насочено кон создавање простор за дипломатијата.

Во меѓувреме Трамп упати закани до Иран.

– Или ќе склучиме договор или ќе ја завршиме работата. Во ред. И нема да биде тешко да се заврши работата. Подобро би склучил договор затоа што не сакам да повредам 91 милион луѓе – рече Трамп.

Тој додаде дека американските сили за еден час можат да ги разнесат мостовите и да ја го прекинат снабдувањето со енергија во Иран.

Поврзани содржини