МАКЕДОНЦИТЕ НАДВОР ОД МАКЕДОНИЈА НЕ ПРИФАЌААТ ДА ИМ СЕ ОДЗЕМЕ ПРАВОТО НА ГЛАС Реакција на Македонско друштво „Илинден“ – Тирана

Правото на глас ни припаѓа, пред сè, поради нашето потекло, грижата за татковината и нераскинливата врска што ја имаме со Македонија, се вели во соопштението на МД „Илинден“ - Тирана.

107

Македонско друштво „Илинден“ – Тирана во соопштение за јавноста ги осудува сите обиди за одземање на правото на глас на Македонците кои живеат надвор од Македонија.

Здружениетео оценува дека таквиот потег е неприфатлив и претставува израз на длабоко непочитување кон Македонците во дијаспората.






„Ние, Македонците надвор од Македонија, сакаме активно да учествуваме во градењето на слободна, демократска и просперитетна држава. Правото на глас ни припаѓа, пред сè, поради нашето потекло, грижата за татковината и нераскинливата врска што ја имаме со Македонија, се вели во соопштението.

Во соопштението на „Илинден“-Тирана се додава дека Македонците надвор од Македонија се важен партнер на својата татковина и интегрален дел од нејзиниот развој.

„Нашиот придонес е особено значаен во надворешната политика, економијата, културата и во промоцијата на Македонија во светот. Поради тоа, Македонците надвор од Македонија мора да продолжат да го уживаат своето уставно и демократско право на глас“ – се нагласува понатаму во соопштението потпишано од претседателот Никола Ѓурѓај.

Друштвото ги повикува сите политички субјекти во Македонија да покажат почит и јасна заложба кон Македонците во дијаспората, со единствена цел – заеднички напредок и посилна Македонија.

Поврзани содржини