МЕТ ДАЈМОН И БЕН АФЛЕК ДОБИЈА ТУЖБА ЗА КЛЕВЕТА Полицијата од Мајами тврди дека филмот „The Rip“, ѝ го урива угледот

- Полицијата во Мајами ја тужи продуцентската куќа на американските глумци Мет Дејмон и Бен Афлек поради филмот „Кражба (The Rip)“. Тие тврдат дека трилерот на „Нетфликс“, инспириран од вистински настани, лажно ги прикажал редарите во градот како корумпирани криминалци.

0

Полицијата во Мајами ги тужи Мет Дејмон и Бен Афлек поради нивниот најнов филм „The Rip“, кој е достапен на стрим-платформите од јануари, а почнува со забелешка дека се заснова на вистински настани.
– Полицијата во Мајами ја тужи продуцентската куќа на американските глумци Мет Дејмон и Бен Афлек поради филмот „Кражба (The Rip)“. Тие тврдат дека трилерот на „Нетфликс“, инспириран од вистински настани, лажно ги прикажал редарите во градот како корумпирани криминалци.

Заплетот во филмот е инспириран од рацијата во Мајами Лејкс во 2016 година, кога полициската управа Мајами-дејд запленила повеќе од 24 милиони долари во готово, поврзани со перење пари – најголемата заплена во историјата на одделот. Полициските службеници кои учествувале во операцијата тврдат дека филмот содржи измислени сцени што ги прикажуваат како вмешани во корупција, соработка со нарко-картели и нелегална проневера на пари.

Се тврди дека, поради филмот, нивниот професионален углед е сериозно нарушен. Детективот Џонатан Сантана истакнува дека самиот наслов на филмот е навредлив и оти самиот тој после премиерата на филмот станал предмет на потсмев.

– Луѓето ме прашуваат колку пари сум украл, а ние не зедовме ниту еден долар, рече Сантана.

Правните стручњаци нè потсетуваат дека во вакви случаи, јавните личности, вклучително и полицајците, мора да докажат постоење на „вистинска злонамерност“, односно дека авторите знаеле дека информациите се лажни или ги објавиле без оглед на вистината – што е исклучително висок правен стандард, се наведува. Овој случај, инаку, повторно го отвора прашањето за границата меѓу уметничката слобода и заштитата на угледот на вистинските луѓе, за што долго време се дебатира во оваа индустрија и од филмските работници и од публиката.

Поврзани содржини