МЕГАН И ХАРИ ОДБЕЛЕЖАА ОСУМ ГОДИНИ БРАК Досега необјавени фотографии од кралската венчавка

По повод осмата годишнина од нејзиниот брак со принцот Хари, Меган Маркл сподели досега невидени фотографии од нивната кралска венчавка, која ја следеа речиси две милијарди луѓе низ целиот свет во 2018 година.

248

Меган Маркл ја одбележа осмата годишнина од нејзиниот брак со принцот Хари со емотивна објава на Инстаграм, каде што за првпат сподели серија досега невидени фотографии од нивната кралска венчавка во 2018 година.

Војвотката од Сасекс објави две фото галерии со кратка порака, предизвикувајќи голем интерес кај јавноста и медиумите ширум светот.






– Пред осум години на денешен ден – напиша таа во описите.

Меѓу фотографиите беа интимни моменти од вечерниот прием во Фрогмор Хаус, вклучувајќи го нивниот прв танц и романтични бакнежи, како и фотографии зад сцената од церемонијата во капелата во замокот Виндзор. Фотографиите што никогаш досега не биле објавени во јавноста привлекоа особено внимание.

На некои од нив, Меган и Хари разменуваат нежности по церемонијата, додека на други може да се видат како позираат за официјални свадбени портрети. Објавени се и фотографии од здравицата на Хари за време на свадбената вечера, додека Меган во елегантна венчаница од Живанши гордо го гледа својот сопруг.

Иако нивната свадба на 19 мај 2018 година ја гледаа речиси две милијарди луѓе ширум светот и собра бројни познати гости како Опра Винфри, Џорџ Клуни, Дејвид Бекам и Елтон Џон, интересно е што членовите на кралското семејство речиси и да не се прикажани на новите фотографии.

Освен кратката снимка од кралот Чарлс, кој ја придружуваше Меган до олтарот откако нејзиниот татко Томас Маркл не можеше да присуствува на церемонијата поради здравствени проблеми, принцот Вилијам, Кејт Мидлтон и другите членови на семејството не се појавија во објавените галерии.

Односот на Меган со кралското семејство е една од најзборуваните теми во британските медиуми во последните години, особено откако таа и Хари се откажаа од кралските должности во 2020 година и се преселија во Монтесито, Калифорнија, со своите две деца, Арчи и Лилибет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Meghan, Duchess of Sussex (@meghan)

Нивната свадба сè уште се смета за еден од најгледаните и најкоментираните кралски настани во модерното време, но зад гламурот и бајковитата атмосфера, стоеја и бројни контроверзии.

Со години се пишуваше за конфликтите околу фустаните за деверуши, врската на Меган со Кејт Мидлтон и тензиите во кралското семејство кои наводно започнале непосредно пред свадбата.

Сепак, Меган сега одлучи да се фокусира на емотивните спомени и нејзината љубовна приказна со Хари, која сè уште трае, една деценија откако првпат се запознаа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Meghan, Duchess of Sussex (@meghan)

Поврзани содржини