СИ И ПУТИН СО СИЛНА ПОРАКА ДО СВЕТОТ Односите меѓу Кина и Русија се „непоколебливи“
Си Џинпинг и Владимир Путин порачаа дека партнерството меѓу Кина и Русија е посилно од кога било и претставува модел за стратешка соработка.
Претседателите на Кина и Русија, Си Џипинг и Владимир Путин, испратија силни пораки за зајакнување на соработката меѓу двете земји за време на нивната средба во Пекинг.
На почетокот на разговорите во Домот на народните собранија, кинескиот лидер изјави дека односите меѓу Пекинг и Москва остануваат „непоколебливи“.
– Кинеско-руските односи достигнаа толку високо ниво затоа што постојано ја продлабочувавме меѓусебната политичка доверба и стратешката координација со непоколеблива истрајност – изјави Си Џинпинг.
Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека партнерството меѓу двете држави достигнало „невидено ниво“ и претставува пример за глобална стратешка соработка.
Средбата доаѓа во време на засилени геополитички тензии и обиди на Москва и Пекинг да ја продлабочат економската, политичката и безбедносната соработка.