МАСК СО ЛАДЕН ТУШ ЗА ЛГБТК+ ЛУЃЕТО „Тоа е осакатување на децата“
Секој родител треба да го гледа ова. Возрасните треба да прават сѐ што ги прави среќни, под услов тоа да не им наштети на другите, напиша тој и продолжи: но детето не е способно да даде или одбие согласност, и баш поради тоа имаме закони кои ги штитат малолетниците.
Најбогатиот човек на светот, Илон Маск, ја изненади јавноста со своите ставови за ЛГБТК+ заедницата и тоа токму во месецот на прајд-гордоста. Тој промовираше твит во кој се вели дека грижењето за децата под 18 години во кое ги уважуваме нивните определби е всушност, нивно осакатување бидејќи тие не дале согланост за тоа.
Трилионерот неодамна скокна во „трансфобичните води“. Тој исто така го сподели документарецот „Што е тоа жена“ кој пропагира десничарски сфаќања и е проект на Мет Волш од „DailyWire“.
Документарецот собра 100 милиони прегледи во првите 24 часа.
„Секој родител треба да го гледа ова. Возрасните треба да прават сѐ што ги прави среќни, под услов тоа да не им наштети на другите“, напиша тој и продолжи: „но детето не е способно да даде или одбие согласност, и баш поради тоа имаме закони кои ги штитат малолетниците“.
Every parent should watch this https://t.co/pIp6UP6vq8
— Elon Musk (@elonmusk) June 2, 2023
Претходно, контроверзниот трилионер исто така на Твитер ја одобри групата ЛГБ, која се залага од ЛГБТК+ да се отстранат последните три знаци „ТК+“.
„Тотално се согласувам“, напиша Маск за идејата дека „ТК+“ е форма на култ.