МАКЕДОНСКИ КУГЛАРСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ПОСТАВИ ГИНИСОВ РЕКОРД Урош Стоклас куглаше непрекинато 25 часа!
Речиси 3.200 фрлени кугли, срушени над 15.000 кегли, 26 цели серии по 120 кугли и просек од 615 – обајви Кугларската федерација на Македонија.
Членот на македонската кугларска репрезентација, Урош Стоклас од Словенија, постави нов Гинисов рекорд во најдолго непрекинато куглање.
„Натчовечки напори и 25 часа непрекинато куглање, речиси 3.200 фрлени кугли, срушени над 15.000 кегли, 26 цели серии по 120 кугли и просек од 615! Чест е да се биде сведок на ваков подвиг на врвен спортист од планетарен ранг, посебно што е наш репрезентативец и наш спортски амбасадор“ – објави Кугларската федерација на Македонија.
Стоклас го почна подвигот во текот на вчерашниот ден во „Куглана Градишка“ во Словенија, неговата родна земја. Урош го го сруши сопствениот рекорд.