МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА ЗАЕДНИЧКИ ЗА ПРОСПЕРИТЕТ И ЗА СТАБИЛНОСТ Мицкоски се сретна со српскиот колега Мацут
Во пријателска и конструктивна атмосфера разменивме мислења за актуелните предизвици и за заедничките приоритети, со посебен акцент на јакнењето на регионалната поврзаност, инвестициите и соработката во области од заемен интерес, објави премиерот Христијан Мицкоски по средбата со српскиот премиер Ѓуро Мацут.
Денеска остварив средба со Ѓуро Мацут, претседател на Владата на Република Србија, на која разговаравме за унапредување на билатералната соработка, регионалната стабилност и можностите за продлабочување на економските и институционалните врски меѓу нашите земји, објави премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.
„Во пријателска и конструктивна атмосфера разменивме мислења за актуелните предизвици и за заедничките приоритети, со посебен акцент на јакнењето на регионалната поврзаност, инвестициите и соработката во области од заемен интерес. Ја потврдивме подготвеноста за понатамошно развивање на добрососедските односи и заедничка работа во насока на просперитет, стабилност и подобра иднина за граѓаните на двете држави“, објави Мицкоски.