🎥 МАКЕДОНЦИТЕ ВО СРБИЈА СЕ ЖИВ МОСТ МЕЃУ МАКЕДОНСКИОТ И СРПСКИОТ НАРОД Во Нови Сад и во Војводина различностите никогаш не биле слабост, туку богатство

Народот кој ги чува своите корени и јазик никогаш не се губи, не останува без дом, народот кој ја чува својата култура секогаш ќе има иднина, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски на свечената академија во Нови Сад по повод 80 години од населувањето на Македонците во Војводина.