МАКЕДОНИЈА Е НА 52 МЕСТО СПОРЕД ИНДЕКСОТ НА ПРОСПЕРИТЕТ НА АТЛАНТСКИОТ СОВЕТ Лидер на листата е Норвешка

Пред нас на листата за просперитет се Словенија (10), Грција (33) и  Хрватска (36), а зад нас се Цена Гора (53) Бугарија (54 ), Србија (57) Албанија (64) и Босна и Херцеговина (87) .

32

 

Македонија се најде на 52-ТО место според Индексот на просперитет за оваа година кој го изработува објавува Атлантскиот совет.






Според Атлантскиот совет, овој индекс не го разгледува БДП-то на една земја, туку ги зема предвид здравството, образованието, социјалната еднаквост, положбата на малцинствата и заштитата на животната средина. Вистинскиот квалитет на живот е во фокусот.

Просперитетни земји, според овој индекс, не се оние со силна економија, туку оние кои успеваат да го претворат богатството во висок животен стандард и да одржуваат стабилни институции во корист на населението.

Пред нас на листата за просперитет се Словенија (10), Грција (33) и  Хрватска (36), а зад нас се Цена Гора (53) Бугарија (54 ), Србија (57) Албанија (64) и Босна и Херцеговина (87).

Најпросперитетна земја во светот е Норвешка. Зад неа се Исланд и Данска.

Интересно е што развиените земји не се и најпросперитетни земји. САД , на пример, се на 38-то место, а Сингапур на 18 -то место.

Норвешка го должи својот успех на комбинација од природни ресурси и паметно управување со приходите од нафта. Тие приходи се влеваат во голем, повеќетрилионски суверен фонд за богатство кој помага во финансирањето на здравството, образованието и долгорочната стабилност на економијата.

Од друга страна, Исланд и Данска комбинираат социјални системи со конкурентна економија, висока доверба во институциите и мали, добро организирани општества.

 

Атланскиот совет истовремено го објавува и Индексот на слободи. Според овој индекс земјава е на 73-то место и во таборот на земји со умерени слободи.

На листата пред Македонија се Словенија (30), Хрватска (41), Грација (44), Бугарија, (53), Албанија (57) и Црна Гора (59). Зад нас се  Босна и Херцеговина (81) и Србија (82).

Данска е на прво место според индексот на слободи.

Индексот на слобода комбинира три столба на институционалната рамка на една земја: политички, правни и економски институции.

Заедно, тие произведуваат агрегатен резултат што генерално се совпаѓа со просперитетот.

Поврзани содржини