МАЈКА И ТРИ ЌЕРКИ НАПАДНАТИ СО ОСТАР ПРЕДМЕТ Охриѓанка тргнала кон 39-годишна сограѓанка и нејзините деца

Инцидентот се случил на улицата 7 Ноември, а полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

0

Жена од Охрид се обидела со остар предмет да нападне 39-годишна сограѓанка и нејзините три ќерки, по претходна расправија и нарушување на јавниот ред и мир.

Инцидентот се случил вчера попладне на улицата 7 Ноември во Охрид, а случајот бил пријавен во полицијата околу 17:30 часот.






Според пријавеното, М.И. од Охрид, по претходно нарушување на јавниот ред и мир, се обидела со остар предмет да ги нападне М.Р.(39) и нејзините три ќерки.

Засега нема информации дали некоја од жените е повредена во инцидентот.

Полицијата работи на целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани содржини