ЛЕТАЛ ВО ТАНДЕМ СО ШВЕЃАНКА, НА СЛЕТУВАЊЕ ПОВРЕДИЛА НОГА Кривична пријава за инструктор за параглајдинг
Според пријавата, инструкторот не ѝ дал доволно инструкции и насоки за приземјување на А.Г.Б.(37) од Шведска.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.Т.(43) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда”.
Тој, на 28.07.2026 во својство на параглајдинг-инструктор во состав на една параглајдинг компанија, без да ѝ даде потребни инструкции и насоки, договорил тандем лет со параглајдер со А.Г.Б.(37) од Шведска. За време на приземјување кај Струга, таа се здобила со тешки телесни повреди на едната нога, по што била пренесена во болницата „Св. Еразмо” во Охрид.