ЛЕКОТ „ФОСТЕР“ ПОВТОРНО ГО ИМА ВО АПТЕКИТЕ Може да се земе само со партиципација

И другите лекови што ги содржат истите активни компоненти и се користат во третманот на хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ) може да се земат со партиципација.

16

Лекот „фостер“, што се наоѓа на Позитивната листа на лекови, почнувајќи од овој месец, осигурениците повторно ќе можат да го подигнат лекот од аптеките без доплата, односно само со плаќање на законски утврдената партиципација за услугата по рецепт. Тоа важи и за другите лекови што ги содржат истите активни компоненти и се користат во третманот на хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ), соопшти Министерството за здравство.

Министерството било известено од компанијата носител на одобрението за ставање во промет на лекот „фостер“ и дека се направени промени во интерес на пациентите што го користат овој лек.






Министерството за здравство соопшти дека во континуитет спроведува активности насочени кон обезбедување поголема достапност на лековите за пациентите по поприфатливи цени.

Поврзани содржини