ЛАЗАРОВ ГО ОДИГРА ПОСЛЕДНИОТ МЕЧ ВО КАРИЕРАТА Изјави дека повеќе жали за Нант отколку за себе поради поразот
Горд сум на се што постигнав низ годините и слободно можам да кажам дека ми е чест што играв во Нант, што играв во Франција, рече Лазаров.
Кире Лазаров вечерва го одигра последниот меч во неговата кариера, кој завши без трофеј. Нант загуби од ПСЖ во финалето од Купот на Франција.
– Ова ми е последен меч во кариерата, искрено повеќе жалам за Нант, што како тим не освоивме пехар отколку за мене самиот. Горд сум на се што постигнав низ годините и слободно можам да кажам дека ми е чест што играв во Нант, што играв во Франција – рече Лазаров.
Тој додаде дека ПСЖ добро, дека одигра добар натпревар и заслужено победи.
-Тие се квалитетен тим, згора на тоа и беа одморени и добро се подготвија за овој дуел бидејќи имаа доволно време, додека ние се боревме за второто место. Беа многу добри и нема дилема дека заслужено победија – рече Лазаров.