КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СВЕТСКО ДОАЃААТ ВО ТЕШКИ ДЕНОВИ Воведните натпревари ќе ги играме со Лихтенштајн и со Велс

Македонската репрезентација в сабота му гостува на Лихтенштајн во Вадуз по што идниот вторник во Скопје ќе го пречека Велс во двата воведни натпревари во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.

71

Македонскиот фудбалски репрезентативец Јован Манев, кој е роден во Кочани, во емотивно обраќање денеска рече дека двата претстојни натпревари во мундијалските квалификации доаѓаат во тешки денови за него лично и за целата нација, откако 59 лица загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“.

– Загубивме многу блиски пријатели, но знам дека тие би сакале да продолжиме да се бориме за нашата земја и за репрезентација. Ќе ми фалат секогаш, никогаш нема да бидат заборавени и доколку ми се укаже шанса заедно со моите колеги, ќе го дадеме максимумот во чест на сите нив – порача Манев во изјава за ФФМ.






Македонската репрезентација в сабота му гостува на Лихтенштајн во Вадуз по што идниот вторник во Скопје ќе го пречека Велс во двата воведни натпревари во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.

– „Ова е шанса да покажеме карактер и сплотеност, сите заедно да постигнеме резултати, најпрво за сите оние кои го загубија животот – изјави Манев.

Поврзани содржини