КРИТИЧНИ 2 ДЕНА ЗА НУКЛЕАРКАТА ВО УНГАРИЈА Моментално Пакш е на 9 сантиметри од нивото на водата

177

Во Пакш се преземаат вонредни напори за одржување на работата на двете преостанати турбини кои работат во нуклеарната централа, објави денеска унгарскиот премиер Петер Маѓар на мрежата X.

Тој нагласи дека критични денови ќе бидат вторник и среда, бидејќи тогаш се очекува дополнителен пад на нивото на водата во Дунав за 14-15 см.






„Моментално сме девет сантиметри од нивото на водата што би барало повторно исклучување на претпоследната турбина“, напиша Маѓар.

Според него, од четврток, нивото на водата би можело повторно да се зголеми поради врнежи во австриските сливни подрачја.

Нуклеарната централа Пакш моментално работи со намален капацитет поради историската суша и рекордно ниското ниво на водата на Дунав, што ја лади електраната.

Поврзани содржини