КАШИКОВСКИ ЗЕМА ПЛАТА НАД 50.000 ДЕНАРИ, А ДОБИВА И ПЛУС ПАРИ Трендафилов и неговиот круг инкасираат сериозни суми, обвинува Петрушевски

Слободан Трендафилов и луѓето околу него одработуваат за нивните позиции по ноти на СДСМ кои и ги поставија на нелегитимен начин, обвинува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

251

Според информациите кои стигнаа до нас од свиркачи од Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ), Стојанче Кашиковски – претседател на синдикатот на работниците од угостителството, туризмот и комунално-станбеното стопанство – остварува и дополнителни годишни примања покрај платата. Вкупните примања на Кашиковски во 2023 година, во кои влегува неговата плата и примања по други основи, биле над 810.000 денари, oбвинува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

– Ова се синдикалците на (Слободан) Трендафилов и на ССМ, не се знае кој од кој поголеми примања има. Според свиркачите од ССМ, кои се разочарани од актуелното раководство, Трендафилов и луѓето околу него го претвориле синдикатот во приватна фирма – вели Петрушевски.






Трендафилов и луѓето околу него одработуваат за нивните позиции по ноти на СДСМ, додава тој, кои и ги поставија на нелегитимен начин.

– Ова се луѓето, кои, додека ги лажат работниците за минималец, земаат плати неколку пати поголеми од тие од синдикатот – посочи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

„СИНДИКАЛНОТО ТРИО“ ЛАПА НАД 3 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ГОДИШНО Трендафилов, Деановски и Пешевски јадат од устата на обичниот работник, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани содржини