📽️ КАРОЛИН НЕ МОЖЕ ДА СЕ ЗАМЕНИ, НО ТИ БИ МОЖЕЛА Трамп во живо ѝ понуди работа на новинарка како негова портпаролка
Американскиот претседател ја пофали Каролин Ливит, која на крајот на август заминува од функцијата поради семејството, а потоа во разговор со новинарка на „Фокс њуз“ се пошегува дека токму таа би можела да ја наследи.
Американскиот претседател Доналд Трамп во разговор со новинарката на Фокс њуз, Алексис Мекадамс во шега ја предложи како можна наследничка на Каролин Ливит на функцијата портпаролка на Белата куќа.
Мекадамс го прашала Трамп дали Ливит може да биде заменета, откако беше објавено дека актуелната портпаролка ќе ја напушти функцијата на крајот на август.
– Не, нема. Навистина нема – одговорил Трамп, фалејќи ја работата на Ливит.
Потоа, сепак, следеше моментот кој привлече внимание.
Трамп се пошегувал дека е „многу загрижен“ затоа што Ливит, како што рекол, повеќе ги сака своите деца отколку него.
Кога Мекадамс го прашала дали има некого на ум за нејзина замена и дали сака да објават ексклузивна вест, Трамп се свртел кон неа со предлог.
– Ти? Што велиш за тебе? Ти би можела да ја работиш таа работа – ѝ рекол Трамп на новинарката, притоа ја прашал Каролин, дали таа ќе биде добра замена? Претседателот потоа додал дека отсекогаш ја ценел нејзината работа и дека не упатува вакви понуди често.
Иако Трамп ја спомена Мекадамс, не станува збор за официјално именување на нова портпаролка, туку за коментар даден во разговорот.
🚨🇺🇸 Fox News’ Alexis McAdams had an impromptu job interview to become Trump’s new Press Sec… 😂
McAdams: “Is Karoline Leavitt replaceable?”
Trump: “She’s not. She really isn’t. She’s standing right over there, and she’s done a great job.”
Trump chuckling: “I found out she…
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) August 16, 2026
Ливит заминува поради семејството
Белата куќа претходно соопшти дека Каролин Ливит ќе се повлече од функцијата на крајот на август за да поминува повеќе време со своите две мали деца и семејството. Трамп ја пофали како една од неговите најдоверливи соработнички и потврди дека таа ќе продолжи да биде негов советник однадвор.
Ливит има 28 години и е најмладата личност што ја извршувала функцијата портпаролка на Белата куќа. Таа неодамна се врати на работа по породилното отсуство по раѓањето на своето второ дете, ќерката Вивијана, родена во мај.
Нејзиното заминување доаѓа во чувствителен период за администрацијата на Трамп, во пресрет на изборите за Конгресот во ноември.
Засега нема официјална одлука кој ќе ја преземе функцијата портпарол на Белата куќа.