ИЗРАЕЛ СЕПАК ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО ЗА СМРТТА НА ПАПАТА На погребот ќе присуствува само израелскиот амбасадор

Според израелските медиуми, израелската Влада ја избришала пораката со сочувство по смртта на папата неколку часа откако беше објавена на социјалните медиуми. 

119

Израелската влада синоќа го изрази своето сочувство до Католичката црква и католичката заедница низ целиот свет по смртта на 88-годишниот папа Франциск, три дена откако тој почина, јави ДПА.

„Државата Израел изразува најдлабоко сочувство до Католичката црква и католичката заедница низ целиот свет по смртта на папата Франциск. Нека почива во мир“, се вели во објава од канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.






Односите меѓу Израел и Ватикан значително се влошија по војната во Газа.

Папата Франциск постојано ги критикуваше постапките на Израел на палестинската територија, на која живеат и околу 1.000 христијани.

За разлика од многу други земји кои ги испраќаат своите лидери на погребот на папата в сабота, Израел ќе биде претставен само од израелскиот амбасадор, објави „Тајмс оф Израел“.

Според израелските медиуми, израелската Влада ја избришала пораката со сочувство по смртта на папата неколку часа откако беше објавена на социјалните медиуми.

ИЗРАЕЛ НАПРАВИ ПИШИ-БРИШИ СО ПОРАКА ЗА СОЧУВСТВО ЗА ПАПАТА За Тел Авив се проблем острите коментари на Франциск за Газа

Поврзани содржини